ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА, ОНЛАЈН НАРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ghee.joka.com.mk ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦА
ВОВЕД
Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на Млекара Јока, ghee.joka.com.mk Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување: Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната ghee.joka.com.mk и ја разгледува понудата на производи. Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на Млекара Јока нарачува и купува производи од понудата. За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со Млекара Јока се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на Млекара Јока ДОО - Струмица.

РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ
Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ од Млекара Јока преку веб страната ghee.joka.com.mk потребно е по одбирањето на производот/те и нивно ставање во кошничката за купување да се регистрира на ghee.joka.com.mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката при електронска трговија. Регистрираниот онлајн купувач со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната ghee.joka.com.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на Млекара Јока. Млекара Јока ДОО Струмица го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на Млекара Јока, ghee.joka.com.mk.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ
Цените на сите производи на ghee.joka.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од малопродажните цени во и ќе бидат соодветно означени на веб апликацијата ghee.joka.com.mk. Млекара Јока го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Купувачот може да избере еден или повеќе производи, од понудата на Млекара Јока. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Млекара Јока има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето за производите на Млекара Јока купени преку веб страната ghee.joka.com.mk (во понатамошниот текст: Производи) може да се изврши на еден од подолу наведените начини: -Плаќање со платежна картичка Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Стопанска Банка АД Скопје, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот, а електронското дополнување е овозможено со истите картички издадени само во Р. Македонија. Исто така, производите може да се плаќаат и со платежни картички издадени од домашни банки во Р.Македонија кои се користат за електронски плаќања: Тутунска Банка НЛБ Скопје, ТТК Банка, Централна Кооперативна Банка (Силекс Банка), Статер Банка, Стопанска Банка А.Д. Битола и Зираат Банка. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта и/или СМС.

ИСПОРАКА
Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како превземач на нарачката од страна на Купувачот. Преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување на валиден документ за лична идентификација. Бесплатна достава – Доставата на нарачаните производи е на трошок на Млекара Јока и важи за територијата на Република Северна Македонија. Доколку нарачката е направена по 16 часот (од понеделник до петок), истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во Сабота, Недела или во друг неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови. Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот. Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен целосниот трошок за испорака, во двете насоки по ценовникот на овластениот доставувач. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Млекара Јока не може да превземе никаква одговорност. Испораката на нарачките ќе се врши преку партнер за логистика на Млекара Јока за овој вид испораки.

ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИТЕ КУПЕНИ ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА
Производите се доставуваат до врата и се доставуваат директно на нарачателот. Производите се спакувани во соодветни амабалжни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот. Во моментот на прием на производите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни физички оштетувања на производите. Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за подршка на корисници +389 34 346-101 и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации нема да бидат прифатени. Заедно со приемот на производите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од: Фискална сметка или фактура со доставница за одредени производи, која сте должни да ја потпишете при приемот на производите

ОДГОВОРНОСТ НА МЛЕКАРА ЈОКА ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ
Млекара Јока ДОО Струмица во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи Млекара Јока нема обврска да изврши поврат на уплатените средства. Млекара Јока не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се вршело онлајн купување.

ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
Млекара Јока ДОО Струмица се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страницата на Млекара Јока ДОО Струмица и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Македонија. Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Млекара Јока ДОО Струмица ghee.joka.com.mk, се наведени во Политиката за приватност која исто така е објавена на веб страницата на Млекара Јока ДОО Струмица, ghee.joka.com.mk. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат. При посетата на web страницата, Млекара Јока ДОО Струмица не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на Млекара Јока ДОО Струмица. Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Млекара Јока ДОО Струмица, вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб страницата на Млекара Јока ДОО Струмица. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб страницатa на Млекара Јока ДОО Струмица.

ЕЛЕКТРОНСКОТО ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. За сигурноста на направените трансакции од страна на Купувачот гарантира АД Стопанска Банка Скопје. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол. Притоа, податоците поврзани со платежната картичка на Купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. Млекара Јока ДОО Струмица не ги собира гореспоменатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка. Млекара Јока ДОО Струмица по ниту еден основ не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција односно неовластено користење на личните податоци на Купувачот за време на реализација на електронското плаќање, бидејќи целокупното електронско плаќање е во надлежност на Банката.

ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА
По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите. Доколку Купувачот се определи за плаќање на услугите/и или производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет конекцијата во моментот на плаќање. Доколку барањето за плаќање е регистрирано од страна на Млекара Јока ДОО Струмица, Купувачот добива е-маил порака или СМС со извештај за статусот на извршената уплата т.е. нотификација за тоа дали извршената трансакција е успешна или неуспешна. Доколку Купувачот добие е-пошта или СМС потврда за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор на joka@t.mk. Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција. На сите кориснички рекламации и поплаки, Млекара Јока ДОО Струмица ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.

ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот. Со самото ставање на производите во кошничка не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку нарачката не е заклучена до крај, односно содржината на нарачката се уште се наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот на ghee.joka.com.mk е подолго од 30 минути, содржината на кошничката автоматски ќе биде избришана. Млекара Јока ДОО Струмица го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината на ghee.joka.com.mk, а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на услуги и/или производи преку веб страната на Млекара Јока ДОО Струмица, корисникот ќе може да ги прочита на веб страната на Млекара Јока ДОО Струмица ghee.joka.com.mk. Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава. Се согласувам во целост со условите за електронска трговија, интернет купување и плаќање.